Лиценциран реформер пилатес инструктор во студиотоТри реформер справи во пилатес студиото

За Bloom Reformer Studio

Bloom Reformer Studio е реформер пилатес студио создадено како место каде тренингот не е брзинска рутина во преполна сала, туку време посветено на тебе — со максимум 3 клиенти и 3 реформери по сесија.

Кој ги води часовите

Сите сесии ги води лиценциран реформер пилатес инструктор. Програмата се гради околу твоето ниво и цели, со постојани корекции во текот на часот.

Филозофијата на студиото

Работиме на движење што ти служи и надвор од студиото: сила, стабилен центар, мобилност, флексибилност, рамнотежа и правилно држење на телото. Прогресијата е постепена и прилагодена на твоето тело, без притисок и без споредба со другите.

Што те очекува

  • Сесија од 60 минути со лиценциран инструктор
  • Група од максимум 3 клиенти или приватна сесија 1 на 1
  • Современи реформер справи и индивидуални корекции
  • Кафе или чај пред и по тренингот
  • Онлајн профил со распоред, резервации и материјали