Што да очекуваш на првиот час реформер пилатес

Даниела Делева · објавено 2026-08-22 · ажурирано 2026-09-09

Првиот час често делува застрашувачки затоа што справата изгледа комплицирано. Во пракса, првите десет минути се доволни да се снајдеш.

Пред тренингот

Дојди 5–10 минути порано. Разговараме за твоето движење, досегашно искуство и цели, и за сè што те боли или ограничува.

За време на тренингот

Ти ја претставувам справата, ги поставуваме пружините на соодветен отпор и почнуваме со едноставни движења. Групата е максимум 3 клиенти, така што добиваш корекции во текот на целиот час.

Што да облечеш и понесеш

  • Припиена спортска облека во која се гледа движењето
  • Чорапи со нелизгачка подлога
  • Вода и мал пешкир

Останатата опрема е обезбедена во студиото.